Упатство
Од вашата лева страна се наоѓаат прозорчиња. Апликацијата е осмислена на тој начин да корисникот проаѓа низ прозорчињата по редослед, со што се информира за темите кои го интересираат, меѓутоа врши и филтрирање на податоците преку кликање на интерактивните графикони.
Опсег – Корисникот може да ги разгледа донациите на ниво на суб-региони во Република Македонија и тоа спрема годините во кои се регистрирани донациите во базата на Giving Balkans. Годината која се селектира во ова прозорче ќе биде референтна година за сите останати прозорчиња во апликацијата.
Донатори – Овозможува преглед на филантропијата во Македонија според тип на донатор и врста на донација која е извршена. Презентиран е вкупниот број на донатори во Македонија. Со кликање на трите интерактивни графикони се прави селекција на податоци кои понатаму го интересираат корисникот, а податоците во прозорчето и сите наредни секции се однесуваат на таа селекција.
Приматели – Слично на прозорчето донатори, овој прозорец покажува релевантни резимирани податоци за примателите на донации во Македонија. Во рамки на ова прозорче со податоци постои и визуелизација на дистрибуцијата на донации според типот на примател на донација, како и категорија на краен корисник на донацијата. Селекцијата која корисникот ќе ја направи кога е во прашање типот на примател на донација се применува и во следните прозорчиња.
Донации – Во ова прозорче дадени се две визуелизации. Во првата даден е преглед на донации според типот на избрани донатори и приматели, како и преглед на бројот на донации и дониран износ според целта на донацијата. Со кликање на графикот за цел на донација се врши селекција која се однесува на следните прозорчиња.
Географија – За разлика од претходните прозорчиња каде податоците се резимирани, во ова прозорче може да се погледнат специфични донации и тоа според општината на примателот на донацијата. Податоците се визуелизирани на картата на Македонија а изборот на општини за кои ќе бидат прикажани податоците во табеларната форма може да се извршат со клик на мапата или со пребарување на општина според името. Со клик на копчето може да се изменат селекциите направени во претходните секции. (Премиум корисниците може да ги експортираат податоците во повеќе формати вклучувајќи Excel и PDF)
Civigraph – Напредната функционалност на апликацијата Giving Balkans ја имаат само претплатените корисници. Civigraph му овозможува на корисникот да ја разгледа комплексната мрежа на донатори и приматели на донации на визуелно привлечен и интуитивен начин. Со кликање на јазлите во графата корисникот ја истражува мрежата и пронаоѓа потенцијални донатори и приматели на донации според критериумите кои ги избрал во претходните секции. (Премиум корисниците може да ги експортираат податоците во повеќе формати вклучувајќи Excel и PDF)
Пребарување – Пребарувајте длабоко во GivingBalkans со пребарување на низата на сите описи на донации, донатори и корисници
Методолошки ограничувања
Поради недостапниот пристап до официјалните даночни служби, Catalyst Balkans се одлучи за алтернативен метод на собирање на податоци: пред се од електронски, принтани и онлајн медиуми, а потоа и од останати достапни извори на информации. Оваа методологија донекаде е ограничена и условена од медиумите кои не можат да ги следат сите добротворни акции и донации, како и фактот дека медиумите не секогаш обезбедуваат навремени потполни информации за донациите.
Покрај ограниченоста на методологијата и недостатокот на сеопфатност на податоците, претставени се бројки кои даваат минимум релеватни показатели: минимум број на акции, актери како и минимум забележани вредности на донации. Накратко, Catalyst Balkans прикажува индикатори за минимален степен на развој на филантропијата во одредена земја.
Во ситуација во која не постои следење и прецизни податоци, тешко е да се процени генералниот степен на развој на филантропијата. Затоа Catalyst Balkans креираше почетна листа на фактори кои може да укажат на различни аспекти за донирање: акции/иницијативи за добротворно донирање - методи на собирање на средства - цел на донација - приматели на донација и крајни корисници - донатори - актери - медиумска покриеност
Во моментов, дефинираните квантитативни и квалитативни показатели за секој фактор ни даваат многу добра основа за проценка на состојбата на филантропијата во одредена земја во текот на повеќе години.
Во однос на самите податоци, GivingBalkans базата на податоци се ажурира со нови и точни информации на дневно ниво - што претставува континуиран процес
Пријавете донација
Изберете земја
Број на донации
Вкупен број на донации
Тип на донатор
Употреба на донација
Од дијаспора
Донатор
Тип на примател на донација
Дистрибуција на износот на донација според типот на примател на донација
Примател на донација
Донации од донатори според типот на приматели на донација
Цел на донација
Општини
Легенда
Селектирани донатори/приматели на донација
Донатори
Приматели
Организации кои се и донатори и приматели на донација
Селекции :Најдобро поврзан јазол во мрежата :
Донатор:
Примател на донација:
Известување
some text
Преземањето на податоци поголеми од 1000 редови е резервирано за корисници на Premium